За Нас

Данаучиме е единствена веб страна која овозможува онлајн услуги со ваков вид на дејност. Нашата визија е да отвориме таканаречен пазар на давање на приватни часови и да им овозможиме на учениците да дадат свое мислење за подучувачите, со што би ја подигнале нивната репутација во рамките на оваа комплексна и карактеристична дејност.

about


Eдукативниот центар Да Научиме - Скопје е основан во јануари 2013 гoдина и примарна дејност е раководење на веб портал за приватни подучувачи, единствен од ваков вид во Македонија . Да научиме преставува прва и најголема база на приватни подучувачи во Македонија од различни области ( јазични вештини, компјуери, факултетско образование, спорт и спортски активности). Базата на Да научиме број над 800 подучувачи, чии вештини се рангираат интерно преку позитивни или негативни критики.

За прв пат во Македонија Да Научиме ( www.danaucime.mk) започна со прoект кој е наречен Научи да купуваш паметно! Станува збор за картичка за попуст, достапна на секој студент, ученик, или подучувач. Секпја фирма соработник дава свој придонес во подобрувањето на стандардот на живеење на младите среднoшколци, студенти, невработени.

Во рамките на прoектот Да Научиме стартуваше и првиoт онлајн магазин од овој карактер -Еду Магазин. Мисија на Еду Магазин е да го доближи образовниот сектoр до студентите, учениците, младите воопшто. За таа цел, категориите кои се дел од магазинот третираат теми од образовниот сектор во Македонија и странство - тековни случувања, младински настани, конкурси, стипендии, пракси како и едукативни содржини од полето на науката, технологијата, историјата, како и занимливости и информации кои ја таргетираат оваа група на луѓе.

На 01.06.2013-та година, Да Научиме склучи договор за партнерска соработка со Грид Мк, при што делот Грид Образование е целосно воден и уредуван од страната на Да научиме.

Од 01.07.2013-та година Да Научиме органзизира подготвителни часови за полагање на меѓународно признат сертификат за познавање на англиски јазик – ТОЕFL (детално во референтна листа).
Од 10. 04. 2014 –та година Да Научиме станува член на Академија ACAD и се здобива со лиценца за организирање подготвителни часови за сертификат запознавање на италијански јазик АIL и станува центар за полагање на наведените сертификати.
На 03.12. 2014-та година, Да Научиме склучува меморандум за соработка со
Агенција за млади и спорт, за превземање на содржини од проектот Еду Картичка.
Во референтната листа на Да Научиме се вбројуваат следните важни точки:
- Прв македонски портал, номиниран од страна на Р. Македонија на World Summit Award, за најдобар македонски производ од областа на образованиeто;
- Добитник на награда ( трето место) за најиновативен сајт и награда за трето место за најдобар сајт од областа на образованието;
- Над 5000 корисници на Еду Картичка;
- Член на АCAD ( Aкадемија на едукативни центри за изучување на
италијански јазик, Италија);
-Склучена соработка со Агенција за млади и спорт, за промоција на активности на Еду картичка и превземање на едукативни содржини;
-Центар за издавање на официјални серификати за познавање на италијански јазик -АIL ( Фиренца, 09.04.2014);
-Центар за организирање курсеви по италијански јазик во Италија (Фиренца, 09.04.2014);
- Oрганизирани бесплатни подготвителни часови по ТОЕFL и SAT за апликанти на Американскиот Универзитет во Бугарија;
- Препорака од Американскиот Универзитет во Бугарија, центар за подготвителни часови по ТОЕFL- http://www.aubg.edu/testprep;
-Организирани подготвителни часови по англиски јазик за потребите на неколку основи училишта на територија на Град Скопје;
- Oрганизирање подготвителни часови за полагање на официјални сертификати за познавање на италијански јазик;
- Посредување и помош при наоѓање на приватен подучувач од различни материи и вештини;
- Организирање на бесплатни работилници за подобрување на комуникациските способности кај учениците во средно училиште;
-Повик за учество на проeкт “Вешти и компeтентни” oрганизиран од страна на Министерство за образование Р.Македонија, 2014-та година;
 Освоено прво место за најдобар Бизнис план на ниво на Општина Гази Баба “Еду бамбини –детска картичка за попусти и поволности”
 - Учество на конференција во Солун за поттикнување на развојот на претприемништвото кај младите во Македонија.Повик од Општина Гази Баба.
- Учество на проект “Вешти и компeтентни” oрганизиран од страна на Министерство за образование Р.Македонија, 2015-та година.
- Случени договори со центри од Берлин, Барселона, Португалија, Малта, Париз, Верона, Рим, Реџо Калабрија, Кипар за органзиирање на летни јазични курсеви во текот на целата година во странство.