Категорија: Едукација

Книжарница ТРИ

  • Скопје
  • (02) 3 238 722

10% попустсо
Еду Карта

со Еду Карта

И јас сакам Еду Карта :)

Опис на компанијата

Издавачкиот центар ТРИ е основан на 23 ноевмри 1999 година. За многу кус период ТРИ се наметна како мошне сериозен и инвентивен издавач на македонската културна сцена, пред сè поради неговата ориентација кон книгите што се најактуелни во светот. Денес ТРИ ја продолжува својата мисија - секогаш да биде во чекор со актуелните случувања на светската книжевна и културна сцена! Како свој приоритет си ја поставивме целта да ја направиме книжевноста достапна до сите, со единствена цел - да ги прошириме хоризонтите, да се доближиме до светот, духовно да се збогатиме. Книжевноста е една од оние уметности кои успеваат, создавајќи нови, поинакви од нашите светови, да го направат барем за момент светот подобро место. Имагинарната реалност во книгите ја има способноста да нè доведе до катарза, за момент да избегаме од реалноста што нè опкружува и да се најдеме во еден поинаков, можеби храбар, можеби страшен, можеби смешен свет. Затоа, ТРИ застана зад објавувањето на делата на оние автори кои значат нешто во уметничкиот свет, чии дела донесоа длабоки промени и го размрдаа светот на книжевноста, па и светот воопшто. Настојуваме да направиме совршен микс помеѓу актуелните книжевни и филозофски струења, објавувајќи ги најмодерните и современи автори од целиот свет, без разлика на јазикот, полот, родот, сексуалната или верската ориентација, и класичните, неодминливи ремек дела на човековата мисла. Како ексклузивен застапник на монографските изданија TASCHEN и teNeues, ТРИ нуди цела палета на студии од областа на уметноста, филмот, архитектурата, фотографијата и уметноста на живеењето. А со цел да им го направи на своите читатели комплетно уживањето во книгите, ТРИ ја отвори и својата Кафе Книжарница ТРИ, каде што можете да уживате во добра книга, добро кафе и добра музика! ТРИ Ви нуди поинаков начин на размислување, на живеење, на доживување на светот, еден поинаков свет. Свет во кој што сте поканети да влезете во кое било време, без најава, онакви какви што сте! Прочитај и рскажи, прераскажи, подари, сè што сакаш, едноставно Читај!