Категорија: Едукација

Училиште за странски јазици Friends

  • Скопје
  • 078 374 419

10% попустсо
Еду Карта

со Еду Карта

И јас сакам Еду Карта :)

Опис на компанијата

FRIENDS се труди редовно да ги следи сите актуелности, што се однесува до наставните програми кои се користат во училиштето. Но, сепак центарот е препознатлив по тоа што секогаш изнаоѓа посебно креативни начини кои што изучувањето на еден странски јазик го прават поинтересно и позабавно – организација на тематски часови, театарски претстави и тематски забави подржани од City Radio.

Токму поради овие, а секако и други случувања кои FRIENDS ги организира надвор од стандардната наставна програма, во училиштето владее исклучителна позитивна енергија и е место каде што сите слушатели, не само што изучуваат некој странски јазик, туку и  здраво се забавуваат и постојано стекнуваат нови пријателства и искуства.

FRIENDS има соработка и со универзитетот за странци "Dante Alighieri" од Reggio Calabria, Италија, каде што секоја година организира курсеви по италијански јазик и им овозможува исклучителна можност на сите оние кои што ќе се решат да го посетуваат курсот во Reggio, не само да го прошират своето знаење по италијански јазик, туку и да стекнат нови пријателства од целиот свет, да уживаат во водите на Јонското и Тиренското море и прекрасните плажи, и на кратко да уживаат и да ја живеат Италија.

Со Еду Карта од Френдс добивате 10 проценти попуст на првиот месец стандардните и интензивните курсеви
Центарот за странски јазици FRIENDS, организира настава по следниве јазици:

Италијански
Португалски
Германски
Француски
Шпански
Англиски
Грчки