Категорија: Едукација

Момент Мал

  • Скопје
  • (02) 2 778 731

20% попустсо
Еду Карта

со Еду Карта

И јас сакам Еду Карта :)

Опис на компанијата

Центарот за странски јазици Момент мал е основан во мај 2006 година како агенција за преведувачки услуги и центар за организирање на курсеви по странски јазици за деца и возрасни. Момент мал, исто така, организира и обуки за преведувачи за писмен превод и толкување. 

Момент мал обезбедува секаков вид на преведувачки услуги: писмен превод на документи од областа на правото, социјалната политика, економијата, маркетингот, трговијата, образованието, медицината, фармацијата, информатиката, автомобилизмот, телекомуникацииите, туризмот, ЕУ законодавството, законодавството на Република Македонија итн. Момент мал врши симултан и консекутивен превод (толкување) на официјални настани како што се: семинари, конференции, работилници, обуки, состаноци итн.

Ние сме високопрофесионална компанија со над 200 квалификувани (внатрешни и хонорарни) преведувачи со значајно работно искуство и препораки, кои се специјализирани во различни области на експертиза. Нашата цел е да создадеме точен, автентичен, верен на оригиналот и лесно разбирлив превод, комбинирајќи ги модерните организациски концепти, вештини и нови технологии. Ние обезбедуваме квалитетни услуги на задоволство на нашите клиенти. Сите преведувачи/толкувачи со кои соработуваме се дипломирани филолози, овластени судски преведувачи, обучени во CAT вештини како што се Wordfast и Trados и имаат повеќегодишно преведувачко искуство. Преведувачите се избираат преку ригорозен процес на селекција, така што можеме да го гарантираме нивниот квалитет, стручност, доверливост и почитување на професионалната етика. 
Нашите клиенти се владини институции како што се: Секретаријатот за европски прашања, Македонската академија на науките и уметностите, Заедницата на единиците на локалната самоуправа- ЗЕЛС, бројни приватни компании, адвокати, нотари и физички лица. Во нашите клиенти се вбројуваат и компании од странство. 

Момент мал врши преводи од странски на македонски јазик и обратно. Ви нудиме превод од и на следниве јазици:

АнглискиАлбански
АрапскиБошњачки
БугарскиГермански
ГрчкиДански
ИталијанскиКинески
ПолскиРомански
РускиСловачки
СловенечкиСрпски
Турски Украински
УнгарскиФранцуски
ХоландскиХрватски 
ЦрногорскиЧешки
ШведскиШпански 



* и други јазици на барање 

Исто така, вршиме превод од странски на странски јазик, стручно читање, лектура на текст од овластени лектори. 

Во рамките на Центарот за странски јазици Момент мал функционира и училиштето за странски јазици Момент мал, вршејќи едукација на деца (од предучилишна возраст, основно и средно училиште), студенти и возрасни. Момент мал организира и курсеви специјализирани според потребите на кандидатот, индивидуална настава, подготовка за испитите: FCE, CAE, CPE, TOEFL, IELTS… 
Момент мал организира курсеви по деловен англиски за фирми. 
Наставата ја вршат квалитетни кадри – дипломирани професори по соодветниот јазик