Категорија: Спорт

Реал Аикидо Нико

  • Скопје
  • 078 372 407 / 078 854 542

10% попустсо
Еду Карта

со Еду Карта

И јас сакам Еду Карта :)

Опис на компанијата

Постои веќе неколку години со постојани тренинзи во с.д.„Гоце Делчев“
 
Тренинзите се одржуваат во с.д. Гоце Делчев, Тафталиџе во следните термини: Од понеделник до четврток од 18:00 до 19:00 часот за почетници, и од 19:00 до 20:00 часот за напредни појаси. Петок тренингот е заеднички за сите појаси од 17:00 часот. Старосна граница за тренирање на оваа боречка вештина нема, и нашите членови се дечиња, ученици, средношколци, студенти, родители, пензионери...
Клубот е член на Аикидо Федерацијата на Македонија - Реален Аикидо. Тренер е Николчо Гоцев, овластен лиценциран мајстор за реален аикидо 2-ри Дан.Неколку пати во годината клубот организира и полагања за појаси со цел постојано напредување на членовите. Основно обележје на степенот на знаење на техниките на Реален Аикидо е бојата на појасот. За определен степен-појас се полага пред испитна комисија. Членовите на испитната комисија се овластени лиценцирани мајстори на Реалниот Аикидо.

Аикидото (начин за хармонизирање на енергирата) е модерна јапонска вештина создадена во периодот од 1930 до 1960 од Морихеи Уешиба - наречен О Сенсеи (што во превод значи „Големиот Учител“. Зборот аикидо е составен од 3 слога: ai - хармонија, ki - енергија и do - начин.

Со името потполно се изразува смислата на оваа боречка вештина... т.е. неотпор.... под тоа се подразбира аикидоката (личностите што тренираат аикидо се нарекуваат Аикидоки) да не користи физичка сила туку со хармонични движења ги пренасочува движењата на противникот без да ги блокира или да се судри со нив. Секоја аикидо техника е одлука за живот или смрт во еден напад. Затоа учениците треба внимателно да ги следат упатствата на учителот, и не смеат да се натпреваруваат во својата сила. Аикидо е вештина во која можеме да се соочиме со повеќе напаѓачи одеднаш. Учениците мораат да вежбаат така што да бидат спремни за одбрана без разлика од која страна доаѓа нападот.

РЕАЛЕН АИКИДО претставува стил на аикидо кој што го оформил Љубомир Врачаревиќ, Аикидо Мајстор 10 ДАН.Тоа е практична и ефикасна вештина за самоодбрана која што ги применува супериорните одбранбени техники засновани врз законите на природата. Карактеристична е примената на атеми ваза (збунувачки удари) во виталните точки кои што служат за свртување на вниманието на противникот што е сосема доволно непречено да се заврши техниката. Својата кулминација Реалниот Аикидо ја достигнува при одбрана од повеќе напаѓачи. Основна карактеристика е константно, флуидно и рационално движење, со изведување на ефикасни техники коишто овозможуваат многу сигурна и квалитетна самоодбрана. Примената на оваа комплексна вештина ја зајакнува концентрацијата, координацијата, волјата, решителноста, самодовербата, се зголемува отпорноста на стрес и слично. Основна поставка на Реалниот Аикидо е ефективно да се совлада противникот, а притоа физички да не се повреди. Меѓутоа, во случај на таква потреба, може да биде и многу опасно оружје.