Категорија: Забава и Рекреација

Кинотека на Република Македонија

  • Скопје
  • (02) 3 071 814

50% попустсо
Еду Карта

со Еду Карта

И јас сакам Еду Карта :)

Опис на компанијата

На 29 април 1974 година е објавен Законот за формирање наКинотеката на Македонија. Официјално, Кинотеката ја започнува својата работа во1976 година, како институција од посебен интерес за Републиката, со задача даприбира, обработува, чува, заштитува и презентира филмови и филмски материјалиод посебно уметничко, културно, научно, историско и друго општествено значење.
 
Со цел да се реализира вака дефинираната дејност, Кинотекатана Македонија комплетно е финансирана од Министерството за култура при Владатана Република Македонија.Во 2005 година Кинотеката се пресели во нови просториина ул. Никола Русински бр.1 Архивските материјали, односно целокупнатамакедонска филмска продукција (од 1905 година до денес), како и филмовитеснимени од странски автори во Македонија во периодот до Втората Светска војна,се чуваат во посебен оддел, во депоа со контролирана температура и влажност, од4 до 6 C° и 50% Ph.
 
Останатите филмски материјали се наоѓаат во кинотечните депоаво околината на Скопје.Во Кинотеката на Македонија постојат 3 оддели. Филмскиархив или Оддел за заштита, чување и обработка на филмови и филмски материјали,потоа Одделот за документација, составен од одделението за пишана документација,фототеката и библиотеката, како и Одделот за јавна дејност, во кој еинкорпорирана и издавачката дејност на Кинотеката.
 
Кинотеката на Македонија располага со фонд од над 15.000филмски копии, повеќе од 72.000 парчиња пропаганден материјал, фотографии и плакати,како и повеќе од 100.000 пишувани документи. Во состав на Кинотеката е испецијализираната библиотека со над 4.000 книги и списанија за историјата итеоријата на филмот, како и 32.500 прес-клипинзи.


Кинотеката располага и со колекција на стари кинематографскиапарати.Кинотеката е членка на Меѓународната федерација на филмски архиви(FIAF) и на Европската асоцијација на кинотеки