Категорија: Спорт

Боречки клуб Тhe Strongest

  • Скопје
  • 078 332 421

10% попустсо
Еду Карта

со Еду Карта

И јас сакам Еду Карта :)

Опис на компанијата

Jeet Kune Do

Џит Кун До претставува филозофија на борба во која се измешани повеќе боречки вештини. „Таткото“ на Џит Кун До-то (ЏКД) е Брус Ли, кој претставува првиот човек кој почнува да ги комбинира различните стилови и боречки вештини и покрај многу строгите сфаќања во минатото.

Во денешно време ваквата мешавина на боречки вештини (ММА-mixed martialarts) е многу популарна особено спортската варијанта застапена во UFC-шампионатот.
Во нашиот Џит Кун До клуб ќе може да се запознаете со мешаните боречки вештини (ММА) и ЏКД принципите, најпрво преку изучување на основите од Бокс, Таи-Кик Бокс, Винг Чунг, БЏЏ-Бразилско Џиу Џитцу/Граплинг, Филипино кали (оружја и улична борба) како и техники на самоодбрана.
Brazilian Jiu – Jitsu

Историјата на Бразилската Џиу-Џица може да се разгледува преку тезите на повеќе различни историчари, професионалци за историјатот на боречките вештини. Според некои, вештината Jiu-Jitsu или модерно наречена „џентлменска вештина“, потекнува од Индија.

За да биде БЏЏ денес мега популарно придонело и организирањето на првите турнири за мешани боречки вештини. Денес покрај примената на БЏЏ во УФЦ, М 1, Страјкфорс... има примена и во обука на воените и полициските органи со усовршување на техниките за самоодбрана На нашите простори оваа вештина ја носи Проф. Роберт Наумоски првиот македонец носител на црн појас во БЏЏ.
Нашето знаење го надоградуваме преку организирање на семинари од светски познати мајстори како сшто се : Проф. Џорџ Переира, Проф. Роберт Наумоски, Проф. Паоло Гуимараеш, Кaрлос Њутон, Цезар Лима (Под вподство на Роџер Грејси) итн.

Придобивки од вежбањето:
• подобрување на кондицијата како и зајакнување на умот и телото
• ослободување од вишокот килограми и од маснотиите (како кај девојките така и кај момчињата)
• надминување на стравот и зацврстување на карактерот преку изучување на боречките вештини
• стекнување на нови пријателства и другарување со момчиња и девојки преку друштвени активности на и надвор од тренинзите

За вљубениците во спортско натпреварување, активно учествуваме на натпревари во Бразилско Џиу Џитцу (BJJ), Граплинг (BJJ -без кимоно), ММА и Кик Бокс (во машка и женска конкуренција).
Месечната чланарина е 1000 денари, со што со ЕДУ картичката ќе имаат 10 % попуст.
Главен инструктор за Џит Кун До и Бразилска Џиу Џица во Д Стронгест Карпош е Гоце Тодоровски.