Категорија: Едукација

Аккра

  • Скопје
  • 078 434 668

40% попустсо
Еду Карта

со Еду Карта

И јас сакам Еду Карта :)
  • бул. Јане Сандански бб

  • Аккра

Опис на компанијата

АККРА е првата онлајн академија на овие простори која Ви нуди можност да 
стекнете или да го надоградите своето знаење во најразлични области. 
Согледувајќи ги барањата на пазарот на труд, оформивме академија која покрива 
најширок аудиториум, односно е достапна за речиси секој оној кој ќе ги согледа 
нејзините предности и ќе сака истите да ги искористи.
Ви нудиме можност да изучувате некој од најбараните странски јазици и со тоа да 
ја зголемите својата конкурентност пред другите, да ги усовршите информатичките 
способности неопходни за секојдневен успех и работа, да посетувате некој од 
курсевите од областа на економијата, комуникациите и многу други.
АККРА се залага за образование, кое ги комбинира најдобрите карактеристики на 
традиционалниот образовен процес и придобивките на интернетот како моќна 
алатка на денешницата. Притоа, користиме современа литература прилагодена 
од секој професор соодветно, овозможуваме контакт со стручните лица за 
разјаснување на секој битен проблем и работиме индивидуално или во мали 
групи за поголема ефективност. Можеби најголемата предност а Ваша најголема 
придобивка е можноста за следење на предавањата онолку пати колку имате 
потреба, односно додека не го совладате мареријалот. Не сте ограничени ниту 
просторно ниту временски, а се со цел Ваш побрз и поквалитетен напредок. Една 
од нашите основни заложби пред се е зголемување на бројот на образован човечки 
кадар, на мошне едноставен и високо квалитетен начин. Исто така во нашата 
академија можете да најдете одговор на стручни прашања од различни области, во 
делот “консултантски услуги”.
АККРА одлучи да го прошири дијапазонот на своето делување со што им нуди 
можност и на компаниите да инвестираат во подобрувањето на ефективноста и 
продуктивноста на своите човечки ресурси, преку обуки на своите вработени, а 
сопствената профитабилност. ЗА КОГО СЕ ПРЕДВИДЕНИ ИНДИВИДУАЛНИТЕ ТРЕНИНГ ПРОГРАМИ НА 
АККРА АКАДЕМИЈА?
· Сите физички лица, на било која возраст, кои имаат потреба од избраниот 
курс или област
· Сите оние кои сакаат да испробуваат нови работи
· Сите оние кои имаат динамично секојдневие
· Сите оние кои имаат премалку слободно време
· Сите оние кои сакаат да го избегнат сообраќајниот метеж
· Сите оние кои сакаат да се слободни во своето движење
· Сите оние кои сакаат да не се ограничени од просторот каде се одржуваат 
предавањата
· Сите оние кои веруваат дека повторувањето е мајка на знаењето
· Сите оние кои се на територијата на Р. Македонија
· Сите оние кои се надвор од Р. Македонија
· Сите оние кои сакаат квалитетно знаење по достапни цени