Категорија: Едукација

Клуб Матица

  • Скопје
  • (02) 3 221 138

13% попустсо
Еду Карта

со Еду Карта

И јас сакам Еду Карта :)

Опис на компанијата

Матица Македонска е книжарница лоцирана во центарот на Скопје. Огромен избор на книги од различни жанрови кој ќе ги задоволи вкусовите на сите љубители на книгата.

Монографии од Македонија, светски бестселери, книги за филм, театар, музика, уметност и уште голем број нови наслови од домашната и од светската книжевна и културна продукција се достапни на љубителите на пишаниот збор кои  ја посетуваат книжарницата со светски изглед.

Од неодамна во централното градско подрачје се роди и Клуб Матица.

Освен голем број нови книги што секојдневно се  поставуваат на трите спрата и  во подземните простории во книжарницата  работи и кафе-клуб, што е отворен за најчестите читатели и за членовите на клубот "Матица". Новитет во "Матица македонска" е аналитичкиот центар, кој  ги следи светските трендови во издаваштвото и на читателите  им препорачува книги што се најпродавани и најактуелни во светот. Ново во работењето на книжарницата ќе биде и можноста за порачување книги од странство што ги нема кај нас.
Познат е Саем на книга што Матица го организира секоја година во месец фебруар. Познати акции на Матица се "Со книга на Плажа" , "Книга и Вино", "Книга за секоја жена" како и многубројни акции.

Лоцирана е во центарот на Скопје.